Приватната вселенска компанија Спејс икс, денеска, во 13 часот и 30 минути по локално време, ќе изврши пробно лансирање на најголемата ракета досега, и ако се` биде во ред, во орбитата околу сонцето, планира да испрати спортски автомобил.
Лансирањето ќе се изведе од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида.
Доколку мисијата биде успешна, ова ќе биде најмоќната ракета употребена досега, од ракетите Сатурн 5 на НАСА, наваму, кои пред 45 години ги пренесоа астронаутите на месечината.
Ова ќе биде демонстрациска мисија на ракетата Falcon Heavy, седум години откако е најавенa, а чија цел ќе биде да се тестира дали ракетата може да носи товар во орбитата.
Товарот всушност ќе биде црвениот автомобил на директорот на Спејс икс, Елон Маск, Tesla Roadster.
Лансирањето ќе може да го проследите на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=wbSwFU6tY1c
Facebook Forum