Линкови за пристапност

Спејс Икс испрати екипаж до вселенската станица


Првпат ракета и капсулата на екипажот се користат повторно во човечка мисија

Спејс Икс, компанијата во сопственост на Илон Маск, лансираше четворица астронаути од три земји од вселенскиот центар Кенеди на Флорида, која треба да се приклучи на Меѓународната вселенска станица.

Денешното лансирање е првпат ракетата и капсулата на екипажот повторно да се користат во човечка мисија. Тоа е трет пат Спејс Икс да испраќа луѓе во вселенската станица според договорот вреден повеќе милијарди долари со НАСА.

Распоредувањето на ракета што може да се користи, помага да се намалат трошоците за вселенската програма.

Капсулата се очекува да се закачи со станицата рано во сабота.

Мултинационалниот екипаж е составен од астронаутите на НАСА, Шејн Кимброу и Меган Мек Артур, Томас Пескет од Европската вселенска агенција (ЕСА) и Акихико Хошиде од Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG