Линкови за пристапност

Прогноза: на Земјата и` претстои голема сончева бура


Стручњаци наведуваат дека би можело да дојде до поголем прекин на електричната енергија и комуникациските системи.

Внимавајте, космичко невреме! Со фактот дека Соцето е близу врвот на 11-годишниот циклус на ерупции, научниците веруваат дека ѕвездата би можела да упати моќни бури кон Земјата што би предизвикале прекин на електричната енергија и би го попречиле системот за глобално позиционирање и сателитите. За каков феномен се работи и што се прави за да се ублажат последиците?

За обичното око, тоа се како дамки на Сонцето. Научникот Мајкл Вилтбергер од Лабораторијата за високо наљудување при Националниот центар за атмосферски истражувања во Болдер, сојузната држава Колорадо, стручно ги нарекува масовни коронарни ерупции, или, скратено, ЦМС.

„Набљудувањето на сончевиот циклус датира уште од најраното набљудување на Сонцето. Кога Галилео го свртел телескопот кон Сонцето, забележал дамки на површината и уште од тоа време се водат податоци за нивниот број и локацијата. Значи, за сончевите дамки имаме податоци веќе неколку стотици години“, вели Вилтбергер.

Овој научник создава компјутерски модели што го следат сончевиот циклус и што би можеле да предвидат космичко невреме предизвикано од сончевата активност. Вели, најлошата позната геомагнетска сончева бура што ја погодила земјата се случила во 1859-та. Ја следел астрономот Ричард Карингтон, кој правел цртежи за нејзините ефекти, по што и го добила името - Карингтонова бура. Настанот ја попречил телеграфската комуникација. Иако ниту одблизу моќни како оваа, други сончеви бури досега имаат предизвикано прекин на електричната енергија, на телефонската и радио комуникација, како и оштетување на сателитите.

Земјата е пред нова бура како Карингтоновата, според новиот извештај на Лојдс од Лондон, најстариот осигурителен пазар на светот. Нил Смит, кој е коавтор на извештајот, наведува дека оваа би предизвикала уште поголема штета, со оглед на денешната зависност од електричната мрежа.

„Проценуваме дека 20 до 40 милиони луѓе би можеле да останат без електрична енергија и до една, па дури и до две години. Тоа се должи на клучното прашање на поправка на трафостаниците. Волкав број на луѓе без електрична енергија би можел да резултира во економска цена од 0,6 до 2,6 трилиони долари“, прогнозира Смит.

Ваквата проценка се однесува најповеќе на Северна Америка - фокусот на извештајот. Невремето би имало широк одраз - од електричната мрежа, па се` до сателитите, воздухопловната комуникација, нафотоводите и астронаутските мисии. Смит смета дека Сверна Америка е особено во ризик поради геолошките особености и се` постарата инфраструктура.

„Во извештајот наведуваме дека доколку се случи голема сончева ерупција, истата би можела да исфрли од употреба многу трафостаници, не само во Северна Америка, туку и во Европа“, вели Смит.

Сончевите масовни коронарни ерупции се движат низ вселената со брзина од 3 до 5 милиони километри на час, што значи дека стигаат до земјата за помалку од два дена. Благодарение на денешната опрема, научниците како Мајкл Вилтбергер од Лабораторијата за високо наљудување можат да ги забележат ваквите бури релативно рано, за помалку од осум минути по ерупцијата. Тоа им дава извесно време да го истражат ефектот на бурата, но Вилтбергер вели дека прогнозирањето точно кога и каде ќе удри бурата е - комплексно прашање.

„Вистинскиот предизвик е - а ние се обидуваме тоа да го вградиме во нашите нумерички модели - да разбереме какво ќе биде магнетното поле внатре во тој ослободен топол гас, затоа што тоа магнетно поле е клучот што го отклучува влезот на енергијата и масата на бурата во Земјата и во регионот во близина на Земјата“, вели Вилтбергер.

Тој додава дека моделите би можеле да воспостават рамка за следење на бурите и подобрување на прогнозата. Се надева сека ваквиот систем ќе започне да функционира за пет години.

Во меѓувреме, Нил Смит од Лојдс препорачува поголема соработка за да се ублажат последиците од евентуалната следна поголема бура: „Го креваме вниманието на ова прашање, бидејќи првиот чекор е различните инстанци да стнат свесни дека ова е потенцијален проблем. Потоа ќе биде потребна соработка со владите и со елетричните индустрии. Ова не може една инстанца самата да го реши“.

Смит потенцира дека клучна е соработката, за да се избегне евентуален економски и општествен хаос.
XS
SM
MD
LG