Линкови за пристапност

27 мај ќе биде инспирација за државата, рече Пенс, по повод планираната вселенска мисија на „СпејсЕкс“


Потпретседателот на САД Мајк Пенс, денес имаше виртуелен состанок со астронаути и администратори на НАСА, нешто повеќе од една недела пред да се испратат астронаути во вселената од американско тло.

Пенс забележа дека проектот на приватната компанија останува на агендата, и покрај пандемијата на коронавирус. Тој рече дека 27 мај ќе биде инспирација за државата.

Ракетата Фалкон 9 на компанијата „СпејсЕкс“ ќе биде лансирана од Флорида, за крајно тестирање на системот, пред приватната компанија да добие лиценца за оперативни летови со екипаж до и од Меѓународната вселенска станица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG