Линкови за пристапност

Јубилеј на Меѓународната вселенска станица


Пред 15 години пристигна првиот екипаж, а од тогаш 220 луѓе престојувале на станицата

Освен педесетгодишниот јубилеј откако човекот прв пат стапна во вселената, во понеделникот се прослави уште еден важен настан – 15 години од првиот престој во Меѓународната вселенска станица.

Повеќе од 220 луѓе, претставници на 17 земји, имаат летано до вселенската станица, откако американскиот астронаут Вилијам Шепард и руските космонаути Сергеј Крикалев и Јури Гидзенко први беа лансирани до станицата, која имаше само три работни станици.

Во текот на годините, орбиталната лабораторија била надградувана со различни делови и сега е вредна 100 милиони долари и е со големина на авион Боинг 747.

Јубилејот дојде откако американскиот командант Скот Кели и рускиот космонаут Михаил Корниенко, минаа цела година на станицата. Научниците ќе ги проучуваат ефектите на бестежинската состојба, изложувањето на радијација и изолација на човечкото тело за време на долгите вселенски летови, во подготовка за идните летови на Марс.

Директорот на НАСА, Чарлс Болден, вели дека станицата е модел за мирољубива меѓународна соработка.

XS
SM
MD
LG