Линкови за пристапност

Вселенска симулација


Вселенска симулација
Вселенска симулација

По 520 дена заврши симулацијата на мисија на Марс на Меѓународната вселенска станица.

Шестмина меѓународни членови на екипажот излегоа од московскиот објект за истражување во петок, по минати 520 денови во изолација како дел од виртуелна мисија на Марс во реално време.

Од јуни минатата година екипажот бил затворен во четири херметички запечатени модули за живеење кои симулирале психолошки и физиолошки ефекти на интерпланетарно патување – минус бестелесноста.

Членовите на екипажот изгледале бледи, но се јавува дека се со добро здравје по излегувањето од божемното вселенско летало.

Неколку дена тие ќе минат на лекарски проверки додека се прилагодуваат на живот надвор од објектот.

Екипажот се хранел само со конзервирана храна и можел да комуницира со надворешниот свет преку имеил, што било повремено прекинувано за да имитира вселенска мисија во реалноста.

Истражувачите се надеваат дека експериментот ќе обезбеди вреден поглед во тоа како би било изведување на реална мисија на Марс.

Програмата беше заедничка мисија меѓу Европската вселенска агенција и рускиот Институт за биомедицински проблеми.

XS
SM
MD
LG