На 12 април 1961, 27-годишниот Јури Гагарин беше лансиран во капсулата Восток 1 со сферична форма, правејќи една орбита околу Земјата и се врати во атмосферата на планетата по лет од 108 минути.
Дваесет години по првото кружење на Гагарин околу Земјата, американските астронаути Џон Јанг и пилотот Роберт Крипен се упатија во вселената на вселенскиот шатал Колумбија на прв лет со ова летало во 1981. Во 2003 мисијата на Колумбија имаше трагичен крај, кога дел од изолационата обвивка за време на лансирањето направила отвор на крилата на шаталот, дозволувајќи жешки гасови да влезат во леталото кога влегло во атмосферата на Земјата. Шаталот се распадна и сите седум астронаути во него загинале.
Вселенската агенција НАСА планира да ја заврши програмата со шатлите по 30 години, подоцна годинава.
Следното лансирање е закажано за 29 април, и потоа сите пензионирани шатли ќе бидат на изложба во музеите по конечната мисија, сега закажана за јуни. Повеќе од 20 музеи се надеваат да бидат нов дом на вселенските летала.