Ова го потврди официјален претставник на Белата Куќа.
„Советникот за национална безбедност има благи симптоми, се наоѓа во самоизолација... и продолжува да работи непречено“ се наведува во соопштението во кое стои и дека „не постои ризик за претседателот и потпретседателот“.
О Брајан е највисокиот претставник на Белата Куќа кој досега се заразил со корона вирус.
Се уште е нејасно како се инфицирал. Бидејќи има редовни средби со претседателот Доналд Трамп тој се тестира секој ден.