Линкови за пристапност

Едно лице загина во авионска несреќа во САД


Неколкумина други се повредени

Американските истражители соопштија дека едно лице загинало, а неколку други се повредени, откако комерцијален авион кој имал проблеми со моторот бил принуден да слета.

Жртвата е идентификувана како Џенифер Риорден од Албакерки, сојузната држава Њу Мексико. Извршната директорка на банката „Велс Фарго“ била мајка на две деца и таа е првиот патник што загинал во комерцијална авионска несреќа во САД од 2009-та година, наваму.

Очевидци велат дека Риорден речиси била извлечена низ скршениот прозорец на авионот на „Саутвест ерлајнс“ којшто сообраќал на релација Њујорк-Далас, по што принудно слетал во Филаделфија.

Роберт Сумвалт, претседател на Националниот одбор за безбедност во транспортот, изјави дека скршените перки во моторот биле клучни во истрагата.

„Перката на вентилаторот беше скршена на средината, а нашата прелиминарна истрага упатува на тоа дека металот бил ослабен и затоа се случило тоа. По прелиминарните проценки, веднаш испративме фотографии во нашата лабораторија за материјали во Вашингтон".

Тој додаде дека како дел од почетната фаза од истрагата, ќе биде прегледана снимката од пилотската кабина, а целосната истрага ќе трае околу 14 месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG