Македонската влада денес го објави текстот на Спогодбата за соработка при изградба на гасоводниот крак, што беше потпишана со Русија минатата недела.
Со спогодбата се предвидува прво да се анализира, па, во зависност од резултатите дали има економска оправданост, да се одлучи каде ќе се гради гасоводот.
Во членот 2 на оваа спогодба се вели дека овластените организации од македонска и руска страна „извршуваат анализа, чија цел е одредување на техничката, економската, еколошката и финансиската оправданост на реализацијата на преоктот гасоводен крак и врз основа на нејзините резултати ја потврдуваат целисходноста на неговата реализација“.
Со реакција истапи СДСМ, кој бараше да биде обелоденет текстот на спогодбата. За опозиционта партија, текстот е потврда дека во Москва не е потпишан никаков Договор за приклучување кон мега-проектот - Јужен поток, туку спогодба за техничка оправданост на проектот.
Со коментар се огласи владејачката партија. Таа тврди дека Македонија потпишала спогодба под исти услови како и други земји во Европа.
„Доколку СДСМ не верува во тоа, може да го побара и договорот од Србија, Хрватска или Австрија, да го спореди и потоа да ја информира јавноста. Така би било најчесно“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.