Линкови за пристапност

Северна Кореја се закани со „море од оган“


Тврди дека подготвила „моќно нападно средство“.

Силите на САД и Јужна Кореја и натаму се на готовс поради можниот ракетен тест во Северна Кореја, додека официјален Пјонгјанг продолжува со воинствени закани против Вашингтон и Сеул.

Северенокорејско неармиско тело, кое раководи со односите со Јужна Кореја, вчера соопшти дека земјата внела координати во „моќно нападно средство“ за кое тврди дека може да ги претвори непријателските утврдувања во „море од оган“, но не даде детали кои и кога.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја, пак, соопшти дека е целосно подготвено да реагира на ракетното лансирање. Јужнокорејските власти веруваат дека тоа може да се случи на или околу роденденот на починатиот севернокорејски водач Ким Ил-Санг, што паѓа во понеделник. Тоа е еден од најважните датуми во севернокорејскиот календар.

Министерството одби да го коментира извештајот на јапонската новинска агенција Кјодо, која цитираше неименувани јапонски одбранбени претставници дека лансирната рампа за проектили во Северна Кореја е во „крената позиција“.

Според претпоставките, Северна Кореја префрлила неколку проектили од среден дострел на својот источен брег, во обид да покаже дека е способна да погоди американски цели во регионот.
XS
SM
MD
LG