Линкови за пристапност

Лидерката на Јужна Кореја ќе се обрати пред Конгресот


По средбата со претседателот Барак Обама во Белата куќа, Парк Геун-хје истакна дека Сеул и Вашингтон не смеат да ги толерираат заканите на Северот.

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хје денеска ќе се обрати пред обата дома на Конгресот, додека ја продолжува посетата на САД чиј фокус се разговорите за ситуацијата во Северна Кореја.

По средбата со претседателот Барак Обама во Белата куќа, Геун-хје истакна дека Сеул и Вашингтон не смеат да го толерираат најновиот бран закани од страна на Северот.

Обама изјави дека САД се подготвени за дипломатски ангажман со Северна Кореја, доколку земјата одлучи да тргне по „патот на мирот“. Тој сепак подвлече дека лошото однесување на Пјонгјанг нема да биде наградено.

Американскиот претседател додаде дека деновите кога Северна Кореја можеше да креира криза и да предизвика отстапки, се завршени, нарекувајќи ги САД и Јужна Кореја „пообединети од кога и да е порано“, а Северна Кореја „поизолирана од кога и да е порано“.

Претставници на Белата куќа изјавија дека средбата меѓу лидерите и на САД и Јужна Кореја имала за цел да ја потврди американската поддршка за одбрана на Јужна Кореја. Претседателот Обама истакна дека со Парк Геун-хје се согласиле да продолжат со имплементација на историскиот трговски договор меѓу двете земји и партнерството за чиста енергија.
XS
SM
MD
LG