Линкови за пристапност

Јужна Кореја сака да ги продолжи разговорите и покрај заканите од сестрата на Ким Џонг Ун


Заканите од Северна Кореја го покренаа прашањето за искреноста на неодамнешната одлука да се обноват каналите за комуникација со Јужна Кореја

Јужна Кореја рече дека ќе продолжи да настојува да се подобрат односите и да продолжат разговорите со Северна Кореја, и покрај заканите од Северна Кореја дека ќе го обнови непријателството ако Сеул ги продолжи воените вежби со САД, објави Асошиетед прес.

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера предупреди дека вежбите сериозно ќе ги поткопаат напорите за обнова на заедничката доверба меѓу Корејците, и оти ќе ги замагли проспектите за подобри односи ако се спроведе вежбата како што е закажана за овој месец.

Нејзината изјава го покрена прашањето за искреноста на неодамнешната одлука на Северна Кореја да ги отвори повторно каналите за комуникација со Јужна Кореја.

Јужнокорејското министерство за одбрана денес изјави дека се` уште не се утврдени конкретните време и други детали за одржување на вежбата, и оти таквите прашања треба да бидат одлучени од страна на јужнокорејските и американските власти.

Портпаролот ја повтори неговата претходна изјава дека Сеул и Вашингтон ги разгледуваат сите фактори, како моменталната ситуација со пандемијата, дипломатските напори да се лимитираат нуклеарните амбиции на Северна Кореја, како и воената подготвеност на Јужна Кореја и САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG