Линкови за пристапност

Јапонија не ги разбира новите трговски рестрикции на Јужна Кореја


Јапонскиот министер за трговија вели дека Јужна Кореја не објаснила адекватно на кој начин Јапонија не ги испочитувала глобалните стандарди за извоз

Јапонија вели дека не и` е јасно зошто е тргната од листата на доверливи трговски партнери на Јужна Кореја, потег што доведе до ескалација на трговскиот спор меѓу овие соседи.

Сеул вчера најави дека го ставил Токио во нова категорија, која предвидува поголеми рестрикции за извозот на деликатни производи.

Јужнокорејскиот министер за трговија изјави дека новата категорија е за држави чија контрола на извозите е спротивна на меѓународните норми.

Јапонскиот министер за трговија, пак, денес на Твитер напиша дека Јужна Кореја не објаснила адекватно на кој начин Јапонија не ги почитува глобалните стандарди за извоз.

Овој потег е последен во трговскиот спор меѓу двете држави, кој ескалираше откако Јапонија ја тргна Јужна Кореја од листата на приоритетни трговски партнери.

Токио објасни дека ваквата одлука била направена поради државни безбедносни ризици.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG