Линкови за пристапност

Укината забраната за абортус во Јужна Кореја по цели 65 години


Во историска одлука Уставниот суд на Јужна Кореја посочи дека забраната за абортус неуставно го ограничува правото на жената на самоопределување

Уставниот суд на Јужна Кореја донесе одлука за укинување на забраната за абортус, која во оваа земја е на сила цели 65 години.

Во историска одлука која што е објавена денеска, највисокиот суд во државата посочи дека забраната неуставно го ограничува правото на жената на самоопределување.

Одлуката е одговор на жалбата поднесена од доктор обвинет за извршување на околу 70 нелегални абортуси.

Според оваа одлука, забраната ќе биде автоматски укината на 1 јануари 2021 година, освен ако законодавците не подготват закон со кој постепено ќе се укинуваат ограничувањата.

Јужнокорејската забрана за абортус беше една од најстрогите во развиениот свет. Жената која се подложува на абортус може да се соочи со една година затворска казна, додека за докторот кој изведува абортус се предвидени две години затвор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG