Линкови за пристапност

Блиска средба во Јужното Кинеско Море


Американската армија вели дека изведувала рутинска мисија во меѓународен простор

Официјални власти за одбрана на САД изјавија дека два бомбардери Б-52 летале блиску до оспоруваните острови во Јужното Кинеско Море на почетокот на неделава и добиле усно предупредување од Кинезите за време на летањето.

Портпаролот на Министерот за надворешни работи на Кина, во петокот рече дека Пекинг се спротивставил на „акцијата за поткопување на кинескиот суверенитет и безбедност под изговор на слобода на авионски сообраќај и надлетување.“

Американската армија изведувала рутинска операција која е наречена „слобода на авионски сообраќај“ во Јужното Кинеско Море, кадешто Пекинг има територијални претензии.

Поморските тензии се очекува да бидат главен фокус на разговорите следната недела кога претседателот Барак Обама ќе патува во регионот за да се сретне со лидерите од регионот, како дел од Азиско-пацифичкиот самит.

XS
SM
MD
LG