Линкови за пристапност

Зума: Притисокот за оставка не е фер


Претседателот на Јужна Африка Јакоб Зума, истакна дека притисокот врз него да поднесе оставка на функцијата е „неправеден“ и дека не му било кажано дека она што го направил е погрешно.

Зума рече дека минатиот викенд се состанал со главните шестмина претставници на владејачката партија (ANC) во Јужна Африка, и се согласил, на, како што ја нарече, одложена оставка.

Тој додаде дека предложил да остане на функцијата до јуни.

Сепак, раководството на партијата го отфрлило планот, повикувајќи го Зума веднаш да поднесе оставка.

Од партијата уште велат дека парламентот утре планира да свика гласање за недоверба против Зума, ако тој веднаш не си замине од функцијата.

Партиските лидери неделава одлучија да го отповикаат 75-годишниот лидер, по девет години на функцијата - нарушени со економска стагнација и бројни обвинувања за корупција.

Наводите вклучуваат обвиненија дека тој на влијателното семејство Ѓупта му овозможил да влијае на назначување на членови на кабинетот и дека користел околу 20 милиони долари од јавни фондови, за подобрување на својот приватен имот.

Ако успее гласањето за недоверба, претседателот на АНЦ Кирил Рамафоса, ќе биде избран од парламентот за нов претседател на Јужна Африка, во четврток или во петок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG