На самиот почеток претседателот Барак Обама го цитираше Џон Ф. Кенеди, кој пред 51 година кажал: „Моја задача е да му поднесам извештај на овој дом за состојбата на нацијата, но подобрувањето на таа состојба е задача на сите нас“. Со тоа тој постави тон на подавање рака, со очекување политичките опоненти да го пресретнат на половина пат.
Ова беше поинаков претседател од оној во првиот мандат. „Благодарение на определбата на американскиот народ, има голем напредок за кој можам да известам“, рече тој, набележувајќи ги започнатите проекти кои се покажале исправни изминативе четири години. „По тешкаta рецесија, бизнисите креираа над шест милиони нови работни места; купуваме повеќе американски автомобили отколку пред пет години, и помалку странска нафта отколку за последниве 20 години; пазарот за недвижнини заздравува, берзите зајакнуваат, а потрошувачите, пациентите и сопствениците на домови уживаат поголема заштита отколку било кога порано“.
Презентацијата на својата агенда тој ја почна со заложбата за силна средна класа. Но, народот не може да се чувствува добро за својата сегашност и иднина, ако нема чувство дека владата работи во негов интерес, рече претседателот. Тука доаѓа „нашата обврска да донесеме некои буџетски одлуки кои ќе имаат огромно влијание на силата на нашето опоравување“, кажа Обама, лоцирајќи пунктови за реформи, меѓу кои и во едно од најчувствителните прашања за американските граѓани – пензиските програми. Тој кажа, „отворен сум за предлози од двете партии, се` додека тие не ја нарушуваат гаранцијата за безбедно пензионирање“. „Нашата влада не може да дава неодржливи ветувања, но не смее да ги погази веќе дадените ветувања“.
Економијата имаше неприкосновено место во ова обраќање. Претседателот зборуваше за развој на производството, за враќање на работните места од странство во земјата, за инвестирање во нови идеи, за инвестиции во американска енергија и во обнова на инфраструктурата. „Но, како сето тоа да се постигне ако не инвестираме во обука за пополнување на тие работни места?“, праша претседателот, користејќи го тоа како мост кон неговата заложба за подобро образование во САД. Од предучилишна возраст, до високо образование, тој изнесе голема листа на предлози за тоа како државата ќе помогне во тој сектор.
Американскиот претседател од народниот дом повика и на реформа на имиграциониот систем и посвети значаен простор на големата тема за контрола на оружјето.
Многу мал дел во неговиот говор имаше за надворешната политика.
Претседателот заврши со зборовите дека верува оти граѓаните на САД се способни за пишување на ново поглавје во американската приказна.
Во републиканскиот одговор, сенаторот Марко Рубио од Флорида, кој беше споменуван како можен претседателски кандидат во 2016-та, кажа дека економскиот план на Обама премногу се потпира на владините трошоци:
„Како што слушнавте вечерва, неговата солуција за практично секој проблем со кој се соочуваме, е Вашингтон да постави поголеми даноци, да позајмува повеќе и да троши повеќе“.
Сенаторот Рубио се согласи дека има потреба од имиграциона реформа, но повика за посилно спроведување на постоечките закони.
Покрај републиканците, на обраќањето на претседателот одговори и движењето Ти парти, што е преседан, за кој тие се надеваат дека ќе стане традиција.

Нашата влада не може да дава неодржливи ветувања, но не смее да ги погази веќе дадените ветувањаБарак Обама

Како што слушнавте вечерва, неговата солуција за практично секој проблем со кој се соочуваме, е Вашингтон да постави поголеми даноци, да позајмува повеќе и да троши повеќеМарко Рубио