Линкови за пристапност

Говорот на Трамп позитивен, но, недостигаа детали


Конгресот со реакции по вчерашното прво обраќање на претседателот до нацијата

Членови на Конгресот реагираа на вчерашниот говор на претседателот Доналд Трамп - едни го пофалија неговиот повик за соработка на републиканците и демократите, додека други сметаат дека Трамп требал го искористи обраќањето за специфични прашања со кои се соочува нацијата.

Републиканецот Рајан Костело рече дека говорот е позитивен, и ги истакнал домашните приоритети, како што се инфраструктурата и имиграцијата, нагласувајќи дека Конгресот треба да ги искористи наредните недели и месеци за да ги надополни предлозите на Трамп.

„Верувам дека беше многу јасен за тоа што треба да направиме, со цел да обезбедиме лидерство во светот, да ги поддржиме нашите сојузници, и да ги охрабриме сите да го кренат гласот против диктатурата насекаде“, рече Костело.

Демократскиот сенатор Крис Кунс, вели дека очекувал пораката на Трамп за обединување и заедничка соработка, да содржи конкретни детали за подобрување на инфраструктурата, унапредување на американските интереси во светот, и спротивставување на режимот на Северна Кореја.

„Имаме криза со зависност од опијати во САД, која одзема десетици илјади животи. Очекував дека говорот ќе биде конкретен“, смета Кунс.

Републиканецот Брајан Фицпатрик смета говорот на Трамп бил успешен.

„Зборуваше за платено лекарско отсуство, инфраструктура, за опијати и за сите двопартиски проблеми“, рече тој.

Демократот Тед Лиу, за Руската редакција на Гласот на Америка, изјави дека е задволен оти говорот на Трамп не бил негативен како неговото инаугуративно обраќање.

Трамп, во дел од говорот, истакна дека нема да ги повтори грешките на поранешните администрации, во однос на Северна Кореја, и оти ќе продолжи со силен притисок врз државата, која развива проектилна технологија.

Републиканецот Стив Чабот вели дека Северна Кореја е предизвик број еден за САД, и оти тој не смее да биде игнориран.

„Претседателот, зборувајќи за Северна Кореја, направи вистинска работа, потенцирајќи дека е сериозен, сериозен проблем“, убеден е тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG