Линкови за пристапност

Кенеди: Демократите ќе се борат за подобри плати за работниците


Внукот на починатиот сенатор Роберт Кенеди, одговори на вчерашниот говор на Трамп

Демократскиот конгресмен Џо Кенеди, вели дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп, „не само што цели на законите, кои не` заштитуваат, туку цели на идејата, која вреди да ја заштитиме“.

Во традиционалната реакција на малцинската партија за претседателското обраќање до нацијата, Кенеди рече дека милиони Американци се оставени „анксиозни, лути и исплашени“, за време на првата година од доаѓањето на администрацијата на Трамп.

Кенеди истакна дека претседателот формирал Оддел за правда кој ги „уназадува граѓанските права“ за ЛГБТ заедницата и за луѓето кои не се белци.

Истакнувајќи го партискиот слоган „Подобра зделка“, 37-годишниот конгресмен, внук на починатиот сенатор Роберт Кенеди, изјави дека демократите ќе се борат за подобри плати за работниците, за детска заштита и за достапни образовни можности, како и за систем за здравствена заштита, кој ќе нуди помош, независно дали некој се соочува со рак, депресија или зависност.

Кенеди доби силен аплауз за ветувањето кон 1,8 милиони недокументирани имигранти, донесени во САД како деца.

„Вие сте дел од нашата приказна, и ќе се бориме за вас. Нема да ве оставиме сами“, рече Кенеди, алудирајќи на корисниците на програмата ДАКА.

Тој го заврши говорот со повик кон сите Американци да имаат верба, надеж, како и да бидат издржливи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG