Портпаролката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека руските власти испратиле ултиматум до неговата мајка Јулија во врска со погребувањето на неговите посмртни останки.
Кира Јармиш извести дека на мајката на критичарот на рускиот претседател Владимир Путин и било кажано дека неговото тело ќе биде погребано во арктичката казнена колонија каде што починал, доколку не се согласи на неговиот погреб во рок од три часа - без присуство на јавноста.
„Таа го одбива ултиматумот и бара неговото тело да и биде предадено“, напиша Јармиш на социјалната мрежа Екс.
Засега нема официјални коментари за овие тврдења, објави Ројтерс.
Мајката на Алексеј Навални со денови бара властите да и го предадат телото на нејзиниот син - за да може нејзиниот син да биде погребан во присуство на семејството, пријателите и поддржувачите.
Навални, жесток критичар на рускиот претседател, почина пред една недела во казнената колонија на Арктикот каде отслужи затворска казна од повеќе од триесет години.
Тој загина непосредно пред двегодишнината од руската агресија врз Украина. По тој повод, но и поради неговата смрт, во која Западот ја гледа одговорноста на Русија, во петокот стапи на сила нов пакет построги санкции, кои опфаќаат 500 поединци и компании кои работат и имаат врски со Русија.