Линкови за пристапност

По хакерска закана, Сони ја откажа њујоршката премиера на „Интервју“


Филмот за фиктивен заговор за атентат врз севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун треба да започне да се прикажува ширум кино-салите на Божиќ

Њујоршката премиера на филмот за фиктивен заговор за атентат врз севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун е откажана поради закана од хакери.

Таканаречената група „Чувари на мирот“ преку соопштение вети „горчлива судбина“ за оние коишто ќе го гледаат „Интервју“. Филмот треба да започне да се прикажува ширум кино-салите во САД на Божиќ. На лош англиски јазик, соопштението се повикува на терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва и ги предупредува потенцијалните гледачи „да останат настрана“ од кино-салите каде ќе се прикажува филмот. Во соопштението се вклучени нови хакирани пораки што навидум се од електронската пошта на извршниот директор на Сони, Мајкл Линтон.

Одделот за домашна безбедност соопшти дека го анализира соопштението, но потенцира дека нема веродостојни разузнавачки информации што укажуваат на активен заговор насочен кон кино-салите.

Сони вели дека филмот ќе започне да се прикажува како и што беше планирано, но дека нема да се противи доколку некои кина решат да не го прикажуваат. Еден од синџирите на кино-сали во САД, „Кармајк синемас“ веќе ја откажа премиерата на „Интервју“.

XS
SM
MD
LG