Линкови за пристапност

Сомалија ја засилува дигиталната економија


Привлекувањето на инвестиции е вистински предизвик за Сомалија пред се поради безбедносните закани и лошото владеење

Сомалија како една од најмалку безбедните и најлошо управувани земји во Африка, е малку веројатно место за технологија и иновации.

Коосновачот на акцелераторот iRISE, Абдихаким Анте, настојува да го промени тоа преку поврзување на инвеститорите со млади иноватори од Сомалија.

„Ја користиме технологијата како начин да отвориме можности за вработување на младите во Сомалија, кои сочинуваат 25% од вкупното население во државата. И сите тие, изненадувачки, се помлади од 30 години“, вели коосновачот на акцелераторот iRISE, Абдихаким Анте.

iRise помогна да се организира првиот технолошки самит во главниот град на Сомалија.

Владата сака да ја промени сликата за Сомалија како небезбедна држава за посетителите или инвеститорите.

„Дел од заложбите на канцеларијата на премиерот и премиерот лично, на овој град и Сомалија воопшто, е да се создадат услови за привлекување на глобални инвеститори и Сомалија да стане крајна дестинација за туристи и инвеститори“, вели Абдулахи Хамуд, министер во канцеларијата на премиерот на Сомалија.

За земја во конфликт, потенцијалот за дигитален маркетинг во Сомалија е пресуден, бидејќи мобилните пари речиси ја заменија готовината.

„Со користењето на мобилни трансфери на средства немате обврска да носите многу готовина и ова го прави нашиот живот полесен. Едноставно можете да купите нешто користејќи го телефонот, каде и да сте, во продавница или маркет“, вели Абдулакир Осман, жител на Могадишу.

Но, поради заканите од тероризам и сиромашната сомалиска инфраструктура, привлекувањето на капитал и иновации за поддршка е вистински предизвик.

„Цените на интернетот и на електричната енергија се вивнаа в небо. Од друга страна е несигурноста, која го отежнува функционирањето на бизнисите во Сомалија“, вели Авил Осман, директор на акцелераторот iRISE.

Како и да е, некои остануваат оптимисти за технолошкиот потенцијал на Сомалија.

Но, иновациите ќе останат предизвик се додека со државните ресурси се користат само за да ги овозможат основните услуги и безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG