Линкови за пристапност

Големите сили со реакции по убиството на Солејмани


Големите сили денеска предупредија дека светот станал поопасно место и повикаа на воздржаност откако САД го уби највисокиот ирански генерал командантот на силите на иранската Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани, на меѓународниот аеродром во Багдад.

Велика Британија и Германија посочија дека Иран ја дели вината за провоцирање на убиството што драматично ги зголеми тензиите на Блискиот исток.

Белата куќа во порака на Твитер соопшти дека Солејмани активно развивал планови за напад врз американски дипломати и службеници во Ирак и во целиот регион.

„Се будиме во еден поопасен свет. Воената ескалација е секогаш опасна“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Франција, Амели де Мончалин. „Кога ќе се случат такви активности, такви операции, можеме да видиме дека ескалацијата е во тек.“

Слично на тоа, Русија го окарактеризираше смртоносниот американски напад како „полн со сериозни последици. ''

Кина го опиша како „длабоко загрижувачки“.

Портпаролот на германската влада Улрике Демер го опиша нападот на САД како „реакција на цела низа воени провокации за кои Иран сноси одговорност“.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, рече: „ние секогаш сме ја препознавале агресивната закана од иранските сили предводени од Солејмани. По неговата смрт, ги повикуваме сите страни на воздржаност“, рече тој. „Понатамошниот конфликт не е во ничиј интерес.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG