Линкови за пристапност

Затемнување на сонцето


Врз Африка во неделата имало целосно затемнување, а делумни затемнувања биле видливи во Северна Америка и Европа.

Целосно затемнување на сонцето се случи над Африка во неделата, затемнувајќи го небото во различни времиња додека се движеше преку континентот.

Целосното затемнување можело единствено да се види по тесен коридор во Африка што заврши над Етиопија и Сомалија. Делумно затемнување било видливо во источниот дел на Северна Америка и во јужна Европа.

Затемнувања на сонцето се случуваат кога месечината се позиционира директно меѓу Земјата и Сонцето. Неделното затемнување беше ретка појава, кога сонцето целозно е затемнето во некои моменти а во други оставајќи видлив сончев прстен.

Американската вселенска агенција НАСА кажа дека најдобро затемнување можело да се види некаде над Атлантикот.
XS
SM
MD
LG