Линкови за пристапност

„Солар импулс 2“ на пат кон Европа преку Атланскиот Океан


Ова е 15-та етапа на експерименталната обиколка околу светот

Опремен само со енергија од Сонцето, соларниот авион „Солар импулс 2“ рано утрово полета од њујоршкиот аеродром Џон Кенеди, и преку Атлантскиот Океан се упати кон Европа, на 15-та етапа на експерименталната обиколка околу светот.

Се предвидува дека летот ќе трае 90 часа и зависно од временските услови, ќе слета во Шпанија или Франција. „Сончевиот авион“ претходно го прелета и Тихиот Океан, за потоа, од Калифорнија да долета во Њујорк.

Швајцарските пилоти Бертранд Пикард и Андре Борчберг велат дека целта им и да покажат што се` може да се постигне со алтернативните извори на енергија и новите технологии. Планот е да се вратат во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, од каде и започна патувањето во март, 2015-та година.

XS
SM
MD
LG