Линкови за пристапност

Швајцарски соларен авион го заврши историскиот 24-часовен лет


За време на дневните часови, авионот ги користел сончевите зраци за напојување на четири мали електрични мотори и за полнење на батериите на авионот.

Швајцарскиот пилот Андре Борчберг го приземји авионот во Пајерне во западна Швајцарија рано во четврток, успешно завршувајќи ја првата таква мисија во светот.

За време на дневните часови, авионот ги користел сончевите зраци за напојување на четири мали електрични мотори и за полнење на батериите на авионот. Тие батерии го одржале авионот во лет за време на ноќта.

Крилата на авионот се големи колку на некои големи патнички авиони, но брзината била во просек 70 километри на час.

Тимот што развил уникатен авион бил предводен од швајцарскиот авантурист Бертранд Пикард.

XS
SM
MD
LG