Линкови за пристапност

Три компании за соларна енергија банкротираа


Три компании за соларна енергија банкротираа
Три компании за соларна енергија банкротираа

Три американски компании за соларна енергија објавија банкротирање последниов месец, а последната меѓу нив – „Солиндра“, е фирма што претседателот Барак Обама ја фалеше како „сведоштво за американската генијалност и динамизам“.

Финансиското потфрлање на трите американски компании ја оставија Кина како доминантен производител во соларната индустрија, со речиси 60 проценти од светскиот капацитет за производство. Аналитичарите велат дека кинеските соларни производители биле особено прилагодливи во користењето на заеми со мали трошоци од државни банки и други погодности за снижување на цените што компании од други земји ги бараат.

Солиндра, производител на соларни плочи во западната сојузна држава Калифорнија, обезбедила гаранција од американската влада за заем во висина од 535 милиони долари во 2009 за проширување на операцијата. Една година подоцна Обама ја посетил фабриката и ја фалел како симбол на американската определба за проширена упореба на обновлива енергија.

Но, во среда, откако фирмата ги потрошила речиси сите позајмени пари, Солиндра соопштила дека е банкрот и дека моментално ги затвора операциите и отпушта 1.100 работници. Изминативе две недели, две други американски соларни фирми, Спектра Ват и Евергрин Солар, исто така ги затворија вратите.

Белата куќа кажа дека е разочарана со банкротирањето на Солиндра, но дека САД мора да продолжат со развој на својата индустрија за чиста енергија.

XS
SM
MD
LG