Линкови за пристапност

Кока-кола, Пепси и Доктор пепер ветија акција против дебелината


Во наредната деценија ќе ги намалат за 20% калориите што потрошувачите ги внесуваат со консумирањето на нивните пијалоци.

Кока-кола, Пепси и Доктор пепер најавија дека во наредната деценија ќе ги намалат за 20% калориите што потрошувачите ги внесуваат со консумирањето на нивните пијалоци, и тоа преку агресивно рекламирање на помалите пакувања, обичната вода и диеталните пијалоци.

Овие три најголеми производители на газирани пијалоци во САД се под притисок поради улогата на зашеќерените пијалоци врз порастот на стапката на луѓе што патат од дебелина.

Тие неодамна се бореа против мерката за ограничување на големината на газираните пијалоци во градот Њујорк, а сега се обидуваат да запрат нов данок за овие пијалоци во Сан Франциско, за којшто жителите ќе гласаат во ноември.

Активистичката организација Центар за наука во јавен интерес, со седиште во Вашингтон, вели дека најавата на Кока-кола, Пепси и Доктор пепер е добра вест, но ги повика да прекинат да се противат на даноцит и етикетите на пијалоците што предупредуваат на опасноста од количеството на шеќер во нив.

XS
SM
MD
LG