Линкови за пристапност

Средба во Белата куќа за справување со навредувачките објави на социјалните медиуми


Претставници на Твитер и Фејсбук нема да присуствуваат на состанокот в четврток, бидејќи наводно не биле поканети

Конзервативни групи и конгресни лидери в четврток ќе се сретнат во Белата куќа да разговараат како да се справат со извештаите и објавите на социјалните медиуми.

Но, претставници на Твитер и Фејсбук нема да присуствуваат на состанокот, бидејќи наводно не биле поканети.

Има само неколку детали за средбата во Белата куќа, но, настанот се организира како последица на големи критики за компаниите.

Некои велат дека социјалните медиуми ги задушуваат конзервативните гласови, додека други велат оти не прават доволно да ги заштитат корисниците од дезинформации и навредувачки објави.

Белата куќа најави дека средбата е наменета за дигиталните лидери, кои се заинтересирани за цврста дебата за можностите и предизвиците онлајн.

Наводна кампања против конзервативните гласови

Претседателот на САД Доналд Трамп остро ги критикува трите големи компании Фејсбук, Твитер и Јутјуб за цензура на конзервативните гласови.

Иако социјалните медиуми треба да ја унапредат слободата на говорот, сепак многу Американции имаат суспендирани или забранети профили, поради прекршување на политиките за корисниците.

Поканети конзервативни аналитичари и лидери

Иако се` уште не е објавен списокот на гости, наводно се поканети потпретседателот на Републиканската партија во Флорида, како и претставници на конзервативни групи, како фондацијата Херитиџ и непрофитната организација Turning Point USA.

Анатлитичарите велат дека е важно луѓето да сфатат како социјалните медиуми ја адаптираат содржината, нагласувајќи дека компаниите не ги исполнуваат сите стандарди кога станува збор за слобода на говор, но, и оти не се исправни критиките на администрацијата на Трамп за пристрасноста на социјалните медиуми.

„Отстранување на содржината треба да биде резервирано за навистина опасни околности“, сметаат тие.

Ставање во „карантин“ одредени информации

Компаниите продолжуваат да воведуваат промени во нивните услуги да се намалат лажните профили, а во одредени ситуации и да ја отежнат можноста да се видат одредени објави, кои се неточни и навредувачки.

Оваа недела, Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, најави промени да се справи со заплашувањето на оваа социјална платформа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG