Линкови за пристапност

Социјалните медиуми – идеална платформа за манипулативни кампањи


Социјалните медиуми – идеална платформа за манипулативни кампањи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Во Вашингтон се одржа конференција за дигиталната транформација, со поддршка на Американскиот Стејт департмент, на која експертите се согласија дека дезинформациите се сe` поголема закана за политичките процеси во Европа

Дезинформациите се сe` поголема закана за политичките процеси во Европа, вели Катарина Клингова, истражувач од областа на стратешките комуникации на Глобсек од Словачка. На конференција на тема ,,Дигитална трансформација“ која се одржа во Вашингтон во организација на „World Learning“, со поддршка на Американскиот стејт департмент, таа презентираше истражување кое потврдува дека Источноевропскиот регион е изложен на руско влијание, но во игра се и други актери како Турција и Кина.

Ние како истражувачи сакаме да направиме разлика меѓу медиумите и платформите за дезинформирање.
Катарина Клингова, ГЛОБСЕК, Словачка.


„Во Словачка имаше голем прилив на дезинформации кои доаѓаа главно од Руската федерација во нашиот регион промовирајќи реторика против ЕУ и НАТО, обидувајќи се да управуваат со геополитичката ориентација на мојата држава и затоа ние како истражувачи сакаме да направиме разлика меѓу медиумите и платформите за дезинформирање“, вели Катарина Клингова од ГЛОБСЕК од Словачка.

Социјалните медиуми станаа платформи не само за размена на идеи и ставови, туку и за манипулативни кампањи чија цел е дезинформирање на јавноста. Преку ботови и тролови намерно се шират дезинформации кои влијаат на јавното мислење.

На оваа закана неодамна токму од Северна Македонија предупреди државниот секретар на САД Мајк Помпео: „Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија треба да бидат водени од желбата за напредок, а не од руски ботови, тролови и социјални медиуми.“


Во истражувањата фокусирани на лажните вести редовно се посочува и примерот со Велес, односно таканаречените фабрики за лажни вести.

„Македонија е позната по градот Велес кој стана славен за време на минатите претседателски избори во САД кога млади луѓе во Велес креираа преку 100 веб страни, ширејќи дезинформации,“ вели Клингова.

Информацискиот простор е многу сложен. Затоа е потребна нова структура соодветна на тој простор. Сега се потребни и филтри.
Влад Спенсер, програмски менаџер во World Learning


Новинарството не е доволно за борба против негативните тенденции. Токму затоа организаторите на конференцијата во Вашингтон го анимираат граѓанскиот сектор.

„Информацискиот простор е многу сложен. Затоа е потребна нова структура соодветна на тој простор. Сега се потребни и филтри. Тоа може да биде граѓанското општество, владата, комуникациски компании,“ вели Влад Спенсер, програмски менаџер во World Learning.

Во Вашингтон беа презентирани и проекти од Северна Македонија. Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 разви платформа наречена „Здраво за готово“ која има за цел преку видео серија да ги едуцира граѓаните како полесно да ги препознаат лажните вести.

„Целта на кампањата не беше да презентираме какви лажни вести има во Македонија и кој се пласира лажни вести, туку повеќе беше да ги соочи граѓаните како лажните вести допираат до нив, какви тактики се користат за да се дезинформира јавноста, какви се алатки се користат за да се креира јавно мислење различно од реалноста и како ние сите како граѓани влијаеме кога ги споделуваме лажните вести,“ вели Зорица Велковска, од Блинк 42-21 од Северна Македонија.

World Learning настојува да вклучи што е можно повеќе субјекти кои работат во информацискиот простор со цел размена на искуства и најдобри практики.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG