Линкови за пристапност

Инстаграм и Јутјуб го менуваат концептот за убавина


Убавина не е како изгедате, туку како се чувствувате, велат корисници на социјалните медиуми, кои се обидуваат да влијаат врз конвенционалното сфаќање

За многумина шминката не претставува само најнов тренд на кармин и сенка за очи, туку многу повеќе од тоа.

Обожавателите, кои присуствуваа на Бјутикон (Beautycon), неодамнешен настан за убавина во Њујорк, на кој беа претставени повеќе од стотина производи, се согласуваат дека убавината е неограничена

Во фоукс на настанот не беа супермоделите или модните критичари, туку граѓани кои ги користат социјалните медиуми за да направат пресврт во модната индустрија.

Допирајќи до милиони следбеници на Инстаграм и на Јутјуб, тие успеале да влијаат врз многумина да го променат нивното сфаќање за конвенционалните концепти за убавина.

„Најдов начин да се изразам себе си` преку социјалните медиуми, и да ја споделам мојата индивидуалност“, вели Ирен Ким.

„Убавината е бескрајна. Таа е се` што вие сакате да го правите и како сакате да се изразите себе си`

Со ова се согласува и Мека Иман, која вели дека убавината не е како изгедате, туку како се чувствувате.

Набела Нур, пак, која има вишок килограми, а која има 749.000 следбеници на Инстаграм, вели дека сака да ја промени перцепцијата за тоа што претставува убавина.

„Не се гледав себе си` на телевизија или во други медиуми, па одлучив да направам нешто тоа да се случи“, објаснува таа како почнала да ги користи социјалните медиуми за оваа цел.

За овие жени самодовербата и прифаќањето себе си` е клуч за убавина, нагласувајќи ја и важноста на одржување на здравјето.

„Убавината е внатрешна и надворешна, и како го негувате вашето физичко и ментално здравје“, велат тие, додавајќи дека козметичките компании и медицинската индустрија се здржуваат, со цел да покренат големо движење кон промена на односот кон убавината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG