Линкови за пристапност

Извештај: САД наскоро ќе останат без пари за социјално осигурување


Извештај: САД наскоро ќе останат без пари за социјално осигурување
Извештај: САД наскоро ќе останат без пари за социјално осигурување

Две од најпопуларните програми на Вашингтон за постарите, здравствена заштита и социјално осигурување, ќе останат без пари порано отколку што се предвидуваше.

Две од најпопуларните програми на Вашингтон за постарите, здравствена заштита и социјално осигурување, ќе останат без пари порано отколку што се предвидуваше.

Програмата Medicare е програма за здравствено осигурување на постари и изнемоштени, а извештај од петокот проектира дека фондовите ќе исчезнат во 2024, пет години порано отколку што порано се сметаше.

Социјалното осигурување е федерална програма што обезбедува средства за пензионираните. Извештајот вели дека програмата ќе остане без пари во 2036, што е една година пред претходните проценки.

Официјални лица ја обвинуваат слабата економија, брзо растечките медицински трошоци, и актуелниот бран на пензионирања од поголемата од обичните генерации позната како генерација на бејби-бумот.

XS
SM
MD
LG