Сочи е полу-тропски јужен агол на Русија, каде може да скијате наутро и да пливате попладне – среде зима.
За Зимските олимписки игри, Русија потроши 50 милијарди долари за меѓународниот аеродром, нови пристаништа за бродови за крстарење, железница и патишта од морето до планините, четири области за скијање од светска класа и речиси 50.000 хотелски соби – сето тоа за 17 дена на спортски натпревар.
Сега посетителите се враќаат дома, а жителите остануваат со грижите дали одмаралиштето е премногу изградено.
Прес-центарот до Олимпискиот парк – пет пати поголем од московскиот Црвен плоштад треба да стане трговски центар.
Едно од лизгалиштата ќе биде размонтирано и испратено во Сибир. Другите објекти ќе останат какви што се, за тренинг на идните руски олимписки лизгачи на мраз, скијачи и лизгачи со санки.
Новите области за зимски спортови се хит меѓу руските љубители на зимски спортови навикнати на субстандардни објекти.
Саша Герашковски, скијач од Москва, вели:
„Секогаш одев во Европа, во Австрија и Франција, за скијање. Сега гледам дека Русија има се` што ми треба.
Но дали стадион со 40 илјади седишта е премногу голем за овој град-одмаралиште со 340.000 жители?! Русите беа 90 проценти од посетителите на Олимпијадата, но дали тие ќе дојдат во Сочи без Олимпијадата?
Градските туристички работници велат дека даноците го прават летот од Москва до Сочи поскап отколку лет до Турција.
Градоначалникот на Сочи вели дека пазарните сили ќе го решат проблемот со премногу хотелски соби.
„Најважен регулатор е конкуренцијата, и таа сега е голема“, вели градоначалникот Анатоли Пакхомов. „Проблемот со високите цени што ги имавме тоа ќе го среди“.
Како пример за решенија водени од пазарот што Сочи ги преферира, локалните власти имаат план за финансирање на музеј на куќа на брдо што Сталин некогаш ја користел. Следната година ќе отворат мал хотел во едно крило од одмаралиштето што поранешниот диктатор го користел на Црното Море.