Линкови за пристапност

Европски олимписки комитети примиле закани


Унгарскиот, германскиот, италијанскиот и словенскиот олимписки комитет пријавеле дека примиле закани за нивните спортисти.

Олимписките комитети на неколку европски држави велат дека примиле пораки со терористички закани поврзани со Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, што ќе се одржат следниот месец.

Унгарскиот, германскиот, италијанскиот и словенскиот олимписки комитет во понеделникот пријавија дека примиле пораки со закана за нивните спортисти на претстојните Зимски игри. Пораките, од кои некои биле рачно напишани, а други испратени електронски, биле на руски и на англиски.

Новинската агенција Ројтерс го цитира директорот за меѓународни односи на Унгарскиот олимписки комитет Зигмунд Наги дека Меѓународниот олимписки комитет рускиот организационен комитет ја анализирале заканата испратена на унгарскиот комитет и заклучиле дека „не е реална“.

Американскиот претседател Барак Обама во вторник разговарал со рускиот колега Владимир Путин за тоа како да се осигура безбедноста на олимпијадата во Сочи. Соопштението на Белата куќа вели дека Вашингтон понудил „полна поддршка“.
XS
SM
MD
LG