Петте олимписки прстени беа поставени на главната железничка станица во Сочи, за да се одбележат 100-те дена до церемонијата на отворање на 22-рите по ред Зимски олимписки игри.
Во САД одбројувањето до почетокот на Игрите беше одбележано со собирање на околу 50 олимпијци, параолимпијци и други кои се надеваат дека еден ден ќе бидат дел од американскиот тим, на Тајмс сквер во Њујорк. Дел од плоштадот беше затворен за сообраќај со цел сите заинтересирани и љубители на спортот да имаат можност да поразговараат и да се фотографираат со американските репрезентативци.
Мерил Дејвис и Чарли Вајт ќе се натпреваруваат во дисциплината уметничко лизгање. Добитници се на сребрениот медал на Олимпијадата во Ванкувер во 2010-та година. Чарли додава дека овојпат целта е злато.
„Возбудливо е што има само 100 дена до Игрите. Обуката ни се интензивира, но се обидуваме да ги вршиме и редовните обврски. Имавме голем успех и ќе се обидеме да го одржиме темпото“, вели Вајт.
Новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бак неодамна во Сочи се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Новинската агенција Ројтерс пренесе дека Русија ќе работи на обезбедување учесниците и гостите да се чувствуваат пријатно за време на Игрите, без оглед на националноста, расната припадност или сексуалната ориентација. Бак истакна дека е мошне задоволен со најновата обврзаност на рускиот претседател дека ќе обезбеди недискриминација против хомосексулаците за време на Олимпијадата.