Линкови за пристапност

Со декларација за соработка, албанските опозициски партии ја формираа коалицијата „Вреди“


Четири партии и отворена поддршка од косовскиот премиер ја сочинуваат опозициската коалиција. Лидерите на партиите побараа поддршка од граѓаните за да ја пратат ДУИ во опозиција, порачаа дека е време за промени и најавија борба против корупцијата, членство во ЕУ подобрување на животниот стандард

СКОПЈЕ – Најавите за соработка и заеднички листи и кандидат на албанските опозициски партии денеска се официјализираа откако и официјално беше потпишана декларацијата за формирање на колаицијата „Вреди“ кој ќе и се спротивстви на ДУИ на претстојкните претседателски и парламентарни избори.

Пред присутните членови, активисти и симпатизери се обратија лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата – „Демократско движење“, „Алијанса за Албанците“, „Беса“ и „Алтернатива“, Изет Меџити, Арбен Таравари, Биљал Касами и Африм Гаши како и Беким Ќоку, советник на косовскиот премиер Албин Курти.

„Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозициски партии првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок“ изјави ,Арбен Таравари претседател на Алијанса за Албанците.

Во своите обраќања четворицата лидери на партиите нагласија дека промените доаѓаат и дека ДУИ ќе ги загуби овие избори и дека денес е денот која почнува нова ера на албанската политика во Македонија.

„Ние поставуваме темели на нова ера кај албанската политика во република Северна Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека е дојдено времето за голема политичка промена во земјава. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, бе разлики – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – придружете се кон промената која доаѓа“, изјави Изет Меџити, претседател на „Демократско движење“.
Претседателот на „Беса“ и градоначалник на Тетово, Биљал Касами,, кажа дека оваа коалиција е најголемото обединување на Албанците на Балканот.

„Само две групи на луѓе не го поддржуваат ова обединување, корумпираните и криминогени олигарси и политичари и нашите политичари кои со секој облик се борат против развојот и факторизирањето на Албанците бидејќи се пријатели со југословенските и руските разузнавачки служби. Криминалната и антиалбанска политика во Северна Македонија е при крај“, кажа Касами.

Во своите обраќања го поздравија лидерот на Алијанса, Таравари и неговата одлука да биде заеднички кандидат за претседател на државата.

По официјализирањето на коалицијата беше промовирана и заедничката декларација каде како програмски столбови се наведени членство во ЕУ и продлабочување на соработката со ЕУ и НАТО, борба против криминалот и корупцијата целосна рамноправност меѓу Македонците и Албанците стратегија за враќање на иселениците и радикални реформи за подобрување на животниот стандард.

XS
SM
MD
LG