Линкови за пристапност

Американски и британски весници бараат помилување за Сноуден


Њујорк Тајмс и Гардијан велат дека Обама треба да му дозволи на Сноуден достоинствено враќање во САД

Њујорк Тајмс и британскиот весник Гардијан бараат помилување за Едвард Сноуден, поранешен работник во американското национално разузнавање кој објави масивна количина детали во врска со тајното американско шпионирање.

Триесетгодишниот Сноуден живее во азил во Русија додека САД го бараат неговото враќање заради обвинение за шпионажа и долга затворска казна доколку биде осуден.

Во уреднички коментар во изданието од четврток, Њујорк Тајмс кажа дека Сноуден може да извршил криминал, но дека „на државата и` направил голема услуга“ со тоа што на Американците им дал за прв пат екстензивна информација во врска со размерот на шпионските програми изведувани од Националната агенција за безбедност.

Весникот пишува дека американскиот претседател Барак Обама треба да им даде упатства на неговите соработници да започнат „да бараат начин да заврши оцрнувањето на Сноуден.“

Гардијан кажа дека откривањето на информациите било „акт на одредена морална храброст,“ и дека Обама би требало да му дозволи „да се врати достоинствено во САД."
XS
SM
MD
LG