Документите протечени од поранешниот американски разузнавачки аналитичар Едвард Сноуден индицираат дека американските и британските шпионски агенции ги откриле тајните шифри дизајнирани за обезбедување приватност и безбедност на интернет.
Шифрите се користени од стотици милиони луѓе за заштита на нивните лични податоци, трансакции на интернет и коресподенција со имеил.
Документите покажуваат дека Агенцијата за национална безбедност (NSA) на САД и британската GCHQ – работејќи заедно – ги компромитирале гаранциите што интернет компаниите ги даваат на нивни корисници уверувајќи ги дека нивната комуникација и лични податоци остануваат приватни. Податоците покажуваат дека безбедносните агенции колаборирале со интернет компаниите да остават незаштитен простор – познат како „задна врата“ – во комерцијалниот софтвер за енкрипција.
Податоците покажуваат дека агенцијата троши 250 милиони долари годишно за програмата, и дека британската безбедносна агенција работела на начин да влезе во текот на шифрираниот сообраќај на компании како Јаху, Гугл, Хотмаил и Фејсбук.
Протечените информации најверојатно ќе предизвикаат одглас кај поборниците за приватност.
Претставници на американската влада тврдеа дека набљудувачките напори на агенцијата се единствено со цел да се спречи тероризам.