Линкови за пристапност

Сноуден официјално поднел барање за азил во Русија


Путин вели дека се надева дека Сноуден ќе замине за друга држава кога ќе има можност за тоа.

Руски адвокат вели дека поранешниот американски аналитичар Едвард Сноуден аплицирал за привремен азил во Русија.

Адвокатот Анатоли Кучерена кажа дека 30-годишниот Сноуден поднел барање за азил во вторник до руската федерална служба за миграција, иако тој се` уште сака да замине за Јужна Америка. Сноуден веќе четврта недела се наоѓа во транзитна зона на московскиот аеродром и се обидува да избегне судење во САД по обвинение за шпионажа по откривањето на детали на тајна американска програма за шпионирање.

Три држави во Јужна Америка му понудија на Сноуден азил, но тој не можеше да ја напушти Москва бидејќи САД го отповикаа неговиот пасош.

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека не знае како овој случај ќе се развива. Рече дека случајот во моментов е во „лимбо“ но дека очекува оти ќе може да замине во друга држава штом добие можност за тоа.
XS
SM
MD
LG