Линкови за пристапност

САД и Кина се судрија во врска со Сноуден


САД биле разочарани што Кина одбива да го екстрадира Сноуден; Кина сакала да остане фокусирана на кибернетски прашања

САД и Кина се судрија во врска со случајот на поранешниот американски разузнавачки соработник Едвард Сноуден, обвинет за објавување детали во врска со тајни американски шпионски програми. Тој минатиот месец пребега во Хонг Конг.

Во забелешки по разговорите на високо ниво за економијата, во Вашингтон, американскиот заменик државен секретар Вилијам Брнс кажа дека САД биле разочарани од кинеската одлука за одбивање на барањето да го екстрадира Сноуден на САД.

Во соопштение од Белата куќа стои дека претседателот Барак Обама иразил разочарување во врска со постапките на Кина кои се однесуваат на случајот со Сноуден, за време на разговорите во четврток со кинеската делегација.

Државниот советник на Кина Јанг Жиечи одговорил во свои забелешки дека начинот на кој Хонг Конг се справил во ситуацијата било „над секаков укор“.

Државната кинеска новинска агенција Ксинхуа во четвртокот кажа дека „наместо да ги загрева меѓусебните обвинувања по прашањето“, Пекинг презел „конструктивен пристап“ и се обидел да работи со Вашингтон на прашања за кибернетскиот простор. Ксинхуа вели дека Кина се обидела да остане фокусирана на клучното прашање и покрај „какофонијата направена од некои во Вашингтон кои продолжуваат да вперуваат прст кон Кина“ во врска со постапувањето по случајот на Сноуден.

Сноуден е на московскиот аеродром, барајќи азил во друга држава. САД го отповикаа пасошот на Сноуден и бараат негова екстрадиција. Русија одби да го предаде, но го поттикнува Сноуден да бара засолниште на друго место.
XS
SM
MD
LG