Граѓаните на источното крајбрежје на САД денес се подготвуваат за големо невреме, кое се предвидува да донесе силни ветришта, снег и поројни дождови, што би ги поплавиле бреговите од Мејн до Северна Каролина.
Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот дожд се очекува да го зафати крајбрежјето на Њу Џерси, се` до источниот дел на Масачусетс.
Во Род Ајленд, пак, можни се поплави и силни ветришта, до недела наутро.
Метеоролозите предупредуваат на закана од паѓање дрвја, а снежни наноси од 30-на сантиметри, се најавуваат за делови од западниот дел на сојузната држава Њујорк и во северна Пенсилванија.
Гувернерот на Масачусетс Чарли Бејкер, повика 200 припадници на националната гарда да помогнат во пресрет на невремето.
Метеоролозите предупредуваат на закана од паѓање дрвја, и снег до 30 сантиметри на источното крајбрежје на државата
ВАШИНГТОН —
Facebook Forum