Линкови за пристапност

Големи врнежи снег во делови од САД за празниците


Предупредувања за екстремно студено време беа издадени за Северна Дакота и Висконсин, како и делови од Јужна Дакота, Минесота, Ајова, Мичиген и Индијана

Снежна покривка и студено време ќе преовладува до Нова Година во поголемиот дел од североисточниот и среднозападниот дел од САД.

Жителите треба да очекуваат пониски температури до крајот на неделава, соопшти Националната метеоролошка служба во Чикаго.

Температурите во вторникот се движеа околу нула степени во овој град.

Невремето донесе рекордна количина на снег во областа Ири, Пенсилванија. Властите изјавија дека до среда се очекуваа уште дополнителни 10 до 20 сантиметри снег.

Само за Божиќ, во овие предели наврнаа 80-тина сантиметри снег. Дополнителни 60 сантиметри наврнаа до вторникот вечер, со што вкупната снежна покривка од 23-ти декември, изнесуваше повеќе од метар и половина.

Во Чикаго беше прогласена вонредна состојба, а патиштата беа опишани како „опасни и непроодни“.

Метеоролозите предупредуваат студен бран и екстремно ниски температури во поголемиот дел од САД.

Студено време ги очекува државите Северна Дакота и Висконсин, како и делови од Јужна Дакота, Минесота, Ајова, Мичиген и Индијана.

Вакви предупредувања имало и за делови од Мејн, Вермонт, Њу Хемпшир и Њујорк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG