Линкови за пристапност

Над 60 сантиметри снег


Големината на невремето: фотографијата на Националната управа за океански и атмосферски услови го покажува спојот на два климатски система над североисточниот дел на САД
Големината на невремето: фотографијата на Националната управа за океански и атмосферски услови го покажува спојот на два климатски система над североисточниот дел на САД

Североисточниот дел на САД пред најголемо зимско невреме последниве 25 години, велат метеоролозите.

Жителите на девет сојузни држави во североисточниот дел на САД се подготвуваат за снежно невреме за кое метеоролозите најавуваат дека ќе биде најголемото последниве 25 години.

Националната метеоролошка управа издаде предупредување за виулица до сабота попладне, со врнежи од над 60 сантиметри снег во областите на Бостон и Њујорк.

Гувернерите на најмалку две сојузни држави прогласија вонредна состојба уште пред да падне првата снегулка. Метеоролозите предвидуваат услови опасни по животот во екот на невремето: температури под точката на мрзнење, видливост близу до нулата и ветришта до 105 километри на час. Властите ги повикаа жителите да останат дома и без итна потреба да не одат на пат. Денес нема настава во поголемиот дел од училиштата, откажани се стотици авионски летови, а запре и железничкиот сообраќај.

Невремето е спој на два климатски система. Едниот се движи источно од Големите Езера, а другиот оди нагоре долж источното крајбрежје. Метеоролозите предвидуваат дека невремето би можело да биде слично на она во 1978-ма година што го закопа Бостон во 69 сантиметри снег и ја парализираше областа со денови.
XS
SM
MD
LG