Линкови за пристапност

Снапчет - штетен за младите


Анксиозност, депресија и осаменост се само некои од ефектите од прекумерното користење на Снапчет и Инстаграм

Тинејџерите се вртат од традиционалните социјални медиуми како Фејсбук, кон Снапчет за да комуницираат со своите пријатели, се вели во нова студија.

Според истражувањето направено од „Пајпер Џефри“ (Piper Jaffray) -„Оценка со тинејџерите“, 47 проценти од тинејџерите велат дека Снапчет е нивната омилена платформа на социјалните медиуми, во споредба со само 9 проценти кои го избрале Фејсбук.

Резултатите покажуваат остар скок во бројот на тинејџери кои рекле дека Снапчет е нивната омилена платформа, споредено со истражувањето спроведено пролетта минатата година, кога 24 проценти се изјасниле за оваа социјална платформа.

Освен Снапчет и Фејсбук, 24 отсто од тинејџерите велат дека претпочитаат Инстаграм – без промена од 2016-та година, а 7 проценти велат дека сакаат Твитер, намалување за 15 проценти од минатата година.

Од „Пајпер Џефри“ интервјуирале 6.100 млади во 44 држави, на просечна возраст од 16 години.

Иако Снапчет е најпопуларниот социјален медиум меѓу овие лица, воедно е и најштетен за нив, се вели во студија објавена порано годинава од страна на Британското кралско друштво за јавно здравје.

Студијата, којашто го рангираше психолошкото влијание на различните социјални медиуми врз тинејџерите, покажа дека Снапчет, заедно со Инстаграм предизвикуваат најголем број проблеми по здравјето и благосостојбата кај испитаниците.

Меѓу наведените проблеми се анксиозност, депресија, лош квалитет на спиење, искривена претстава за телото, осаменост и потешкотии во поврзување со лица од реалниот свет.

За справување со негативните влијание на социјалните медиуми, истражувачите препорачуваат воведување на предупредување за корисниците кои поминуваат подолго време пред компјутерите, што беше поддржано од 71 процент од анкетираните лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG