Една змија може да биде доволно страшна само по себе, но според нова студија, некои од овие влекачи ловат во групи.
Истражувачи од Универзитетот Тенеси, во Ноксфил, велат дека Кубанската Боа, „најголемиот домашен грабливец“ на островот, го координира ловот во пештери со лилјаци.
Владимир Динетс, кој бил на чело на студијата, вели дека овие змии висат на горниот дел на влезот на пештерата на изгрејсонце и зајдисонце, кога лилјаците или влегуваат или излегуваат оттаму. Од таа позиција, тие можат да ги зграбат лилјаците дирекно во воздух.
Тој вели дека змиите ги координираат своите позиции така што формираат ѕид преку влезот. Ова го прават бидејќи им отежнуваат или им оневозможуваат на лилјаците да минат покрај нив, а да не бидат фатени, барем од една змија.
Ловот е секогаш успешен, вели тој.
Набљудувањето на активноста кај овие животни, е мошне тешко, затоа што само неколку од вкупно 3.650 видови на змии се забележани како ловат во дивината.
Кубанската Боа е особено тешко да се набљудува, заради тоа што и самите се ловени за храна и за да бидат домашни миленици.
Студијата е објавена во журналот „Однесување на животните и нивна когнитивност“.
Facebook Forum