Линкови за пристапност

50 смртни случаи од колера во Јужна Африка


Најголем дел од случаите се концентрирани во провинцијата Гаутенг
Најголем дел од случаите се концентрирани во провинцијата Гаутенг

Здравствените власти известуваат за смртоносна епидемија на колера во јужноафриканската провинција Гаутенг.

Властите соопштија дека починале речиси 50 луѓе, а повеќето од смртните случаи се концентрирани во областа Хаманскрал. Случаи се пријавени и во други области.

Медицинските службеници ги повикаа жителите да бидат внимателни за тоа што консумираат и да практикуваат добра хигиена, како миење раце.

Колерата главно се шири преку контаминирана вода или храна.

Симптомите вклучуваат дијареа, повраќање и дехидрација.

XS
SM
MD
LG