Истражувачите од Универзитетот на Торонто известуваат дека откажувањето од пушење пред наполнети 40 години ги враќа речиси сите 10 години што пушењето генерално ги крати од животниот век на лицето.
Но тоа не значи дека пушењето е безбедно до возраста од 40 години. Главниот истражувач Прабхат Џа, вели дека поранешните пушачи се` уште имаат поголем ризик од умирање порано отколку оние кои никогаш не пушеле.
Истражувачите исто така нашле дека ризикот кај жените од смрт поврзана со пушењето е 50 проценти повисока отколку што нашле студиите во 1980-те. Оваа најнова студија проучувала податоци за здравје и смрт во САД, но Џа вели дека наоѓањата може да се применат насекаде. Џа исто така додава дека само пет држави, Бразил, Кина, Русија, Индонезија и Индија, се дом на околу половина од проценетите 1,3 милијарди пушачи. Ако продолжи сегашниот тренд, извештајот вели дека пушењето ќе убие околу една милијарда луѓе во 21-от век, што е драматично зголемување од 100 милиони во 20-от век.