Претседателот на САД Џо Бајден упати топли зборови и предупредување додека им се обраќаше на дипломираните студенти на Академијата за воздухопловни сили на САД во Колорадо.
„Ниту еден дипломиран клас не може да го избере светот во кој ќе дипломира“, им рече Бајден на студентите. „Секој клас влегува во историјата на еден народ, до тој момент, што е напишана од други. Неколку класови, еднаш на неколку генерации, всушност влегуваат во момент од нашата историја каде што всушност имаат шанса да ја променат траекторијата на земјата“, рече Бајден.
Бајден рече дека овогодинешниот клас е во пресвртен момент.
„Светот во кој дипломирате не само што брзо се менува, и темпото на промени се забрзува“, рече тој. „Гледаме глобални предизвици кои се зголемуваат, од руската агресија и бруталност во Европа, до нашата конкуренција со Кина и многу измеѓу“.
А небото, рече Бајден, е важно повеќе од кога било.
„Ќе сметаме на вас за да не` држите во првите редови на доминацијата на воздухот и вселената, овозможувајќи им на целата заедничка сила да биде посилна“, рече тој.
Оваа дипломска генерација, создадена во неизвесноста на пандемијата на ковид-19, се појавува во неизвесен свет. Лу Хеч дипломирал во 1970 година и се приклучил на елитната воздушна ескадрила Равенс, која летала класифицирани мисии над Лаос.
„Нивниот клуч за опстанок беше нашата воздушна поддршка“, рече Хеч, кој се пензионираше со чин потполковник. „ Ние бевме таму за да ги насочиме воздушните напади и да обезбедиме воздушна поддршка за нашите сојузници од Лаос на теренот“.
„И тоа е прилично точно денес. Истото беше точно и во Авганистан. Истото важи и во Украина. И треба да го поседувате воздушниот простор, а способноста да испорачате муниција од воздух е клучот за битката“, рече Хеч.
Овогодинешниот клас вклучува и 12 кадети од Камбоџа, Јордан, Малезија, Перу, Полска, Романија, Јужна Кореја, Шри Ланка, Тајван, Тајланд и од Тунис.
328 од дипломираните или повеќе од една третина од нив се пилоти.