Линкови за пристапност

Паметни огледала за повеќе муштерии


Може да се нарече и „Снепчет“ ефект.

Некои високо-технолошки огледала позајмуваат од социјалните медиуми и нудат „леќи“ за декорација на селфи-фотографии, слично како оние кои се споделуваат на социјалните медиуми.

Наместо да користат кучешки уши или јазик обоен со боите на виножитото, на пример, како фотографиите популарни на „Снепчет,“ овие огледала им овозможуваат на потрошувачите да користат виртуелни усни, или да додадат очила или обетки.

Ваквите огледала добиваат се` поголема популарност меѓу трговците кои сакаат да ги намамат купувачите во продавниците.

„Виртуелните огледала им нудат на потрошувачите можност да искусат поголем број производи, многу повеќе отколку што би можеле на друг начин“, вели Питер Џонсон од FaceCake Marketing Technologies.

Џонсон неодамна го промовирање „Денгл“ кој користи технологија за да им овозможи на клиентите да пробаат најразлични висови обетки без физички да ги допрат.

Во случајот, „Денгл“ е всушност компјутерски монитор или таблет, којшто користи технологија за препознавање на лица на клиентите и поставува виртуелни обетки на нив.

Вкрстената продажба е уште една предност. Продавачот на пример, може да го користи „Денгл“ да покаже како различни стилови на обетка ќе изгледаат со одредена облека или боја.

За многу купувачи, наоѓањето на вистинскиот кармин може да потрае, и да бидат потребни неколку обиди да се избере вистинскиот. Паметните огледала можат да помогнат.

Ова се чини дека е уште еден пример, како, во време на опаѓање на продажбата во регуларните продавници, индустријата на малопродажба постојано додава нови елементи за да ги врати муштериите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG